Манчестер Јунајтед и Ешли Јанг ќе се разделат на крајот од сезоната

Манчестер Јунајтед на крајот од оваа сезона ќе го ослободи Ешли Јанг. Со него немало преговори за продолжување на договорот, а тој веќе од јануари ќе може да си бара нов клуб. Јанг не добива место во стартниот тим сезонава со оглед на позицијата што ја зазеде Арон Ван Бисака кој минатото лето му се приклучи на тимот од Кристал Палас.

Актуелниот капитен и Јунајтед на крајот од минатата сезона потпишаа едногодишно продолжување на соработката, но за Јанг нема место во плановите на Оле Гунар Солскјер кој најави фокус на потпишување договори со помлади играчи.

Репрезентативецот на Англија има 34 години, во Манчестер Јунајтед е од 2011 година, има 191 настап и 15 постигнати гола.

Се вчитува...