Манчестер Јунајтед и Јувентус во „вин вин“ размена – Пол Погба за Матијс де Лихт

Французинот Пол Погба повторно да се врати од „Олд Трафорд“ во Торино, а во спротивна насока да замине Матијс де Лихт. На прв поглед можеби изгледа и невозможно, но веќе се водени првични разговори и двата клуба би можеле да го добијат тоа што го посакуваат. Манчестер Јунајтед и Јувентус би можеле да добијат од оваа размена на која се гледа како „вин вин“ ситуација.

Пол Погба веќе подолг период бара начин да си замине од „Олд Трафорд“, а откако отпадна можноста да се пресели во Реал Мадрид, најреална е опцијата за враќање во Јувентус. Маурицио Сари би сакал да го има Погба во средниот ред, но „старата дама“ во оваа глобална криза не може да си дозволи така лесно да го реализира трансферот. Токму затоа сака да го понуди Матијс де Лихт, дефанзивецот кој дојде од Ајакс, но не се снајде најдобро во одбраната на Јувентус.

20-годишниот Холанѓанец би бил големо засилување за „тенката“ одбрана на Манчестер Јунајтед, а и двајцата се проценуваат на околу 75 милиони фунти.

Се вчитува...