Манчестер Јунајтед и Рома се убедуваат за цената на Крис Смолинг

Рома ја засилува потерата по Крис Смолинг. Италијанскиот клуб во текот на оваа седмица ќе испрати нова понуда кај Манчестер Јунајтед откако првата беше одбиена од премиерлигашот. Во првиот обид, Рома за Смолинг кој минатата сезона ја помина во калчолигашот како позајмен играч му понуди на Јунајтед 11 милиони фунти. Манчестер Јунајтед се надева на понуда од 18 милиони фунти.

„До овој момент за Смолинг немаме понуда на нивото кое ние го посакуваме. Не му ја одредувам јас вредноста. Тоа е работа меѓу клубовите, но знам дека досега немаме добри понуди“ – вели менаџерот на Манчестер Јуанјтед, Оле Гунар Солскјер.

Тренерот на Рома, Паоло Фонсека минатата недела изјави дека сака да го има Смолинг во тимот за сезоната 2020/21. Смолинг не фигурираше во составот на Јунајтед за натпреварите кои клубот ги одигра од почетокот на сезоната.

 

Се вчитува...