Манчестер Јунајтед им се врати на преговорите со Спортинг

Манчестер Јунајтед по неколкудневен прекин им се врати на преговорите со Спортинг околу трансферот на Бруно Фернандеш. Преговорите беа прекинати минатиот четврток затоа што португалскиот клуб бара 80 милиони евра, сума што Јуанјтед не е подготвен да ја плати.

Со оглед дека преодниот рок завршува за пет дена, евентуалниот договор треба да биде постигнат многу брзо. Јунајтед бил подговтен да ја зголеми првичната понуда, но не повеќе од 55 милиони евра. Клубот од Лисабон сега ја разгледува новата понуда.

Првично се појавија информации дека Фенрандеш веќе се догворил со Јунајтед и дека клубот ќе му плаќа по шест милиони евра годишно до 2025 години, период до кој требаше да биде соработката.

 

Се вчитува...