Одредена цената за Мегваер, но ќе нема кој да ја плати

Не е познати дали стоперот Хари Мегваер идната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед. После неколкуте кикса минатата сезона, иднината на „Олд Трафорд“ му е неизвесна, па може да се случи и да замине, но клубот за него бара прилично „солена“ цифра.

Според медиумите на Островот, Манчестер Јунајтед е подготвен да се откаже од неговите услуги, само под услов некој да плати 50 милиони фунти. Тоа е сумата која учесникот во ЛШ ќе ја бара за својот дефанзивец.

Астон Вила во моментов е загреан за да го ангажира, меѓутоа оваа цифра може да ги „олади“ во нивните намери, со оглед дека се подготвени да платат 20 милиони евра помалку.

Неизвесна е иднината на Мегваер и во англиската репрезентација. Пред неколку дена селекторот Саутгејт кажа дека не може да му гарантира во иднина минутажа на стоперот, ако тој не игра во клупскиот фудбал.

Се вчитува...