Манчестер Јунајтед ќе ги продава Пол Погба и Џеси Лингард за да ги собере парите за Џејдон Санчо

Манчестер Јунајтед ќе ги разгледува сите понуди за Пол Погба и за Џеси Лингард претстојново лето и со цел да ги продаде и да дојде до парите потребни за трансферот на Џејдон Санчо. Британските медиуми веќе информираа дека младиот англиски репрезентативец од Борусија Дортмунд и Јунајтед ги договориле условите, но веднаш потоа извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд изјави дека мегатрансфери летово нема да има поради кризата со коронавирусот.

Поради ова Манчестер Јунајтед ќе се насочи на продажба особено на Пол Погба за кој би можел да добие и повеќе пари. Сепак ваквата идеја не е многу извесна за реализација со оглед дека и заинтересираните клубови за Погба, како Јувентус и ПСЖ не се расфрлаат со финансиски понуди туку нудат во голем дел сумата да ја покријат со други играчи. Дополнително што и поради застојот и коронавирусот, вредноста на играчите е намалена.

 

 

Се вчитува...