Манчестер Јунајтед ќе го менува Де Хеа со поранешниот соиграч на Алиоски

Францускиот голман Илан Меслие е трансфер цел на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми. „Црвените ѓаволи“ во поранешниот соиграч на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски од Лидс гледаат како замена за Давид де Хеа.

Дваесетидвегодишниот чувар на мрежата трансферот во Лидс го направи во 2019 година од Лориен, а откако остана на позајмица во францускиот клуб во првата сезона, доби шанса во англискиот фудбал во 2020 година. Неговите настапи не секогаш се на врвно ниво, но тој е еден од голамните на кои им се препишува блескава иднина.

Како „противник“ во преговорите на неговиот ангажман Манчестер Јунајтед го има Лестер кој ова лето остана без Каспер Шмајхел, оставајќи го Дени Ворд како решение за голманската позиција. Но, ниту Лидс нема намера така лесно да се откаже од неговите услуги па се чини дека купецот ќе мора да го преплати доскорешниот младински репрезентативец на Франција.

Се вчитува...