Манчестер Јунајтед ќе му плаќа пенали на Шевролет ако испадне од Премиер-лигата

Во договорот за спонзорство со Шевролет, Манчестер Јунајтед има клаузула според која клубот ќе треба да му плати на американскиот автомобилски гигант пенали ако испадне од Премиер-лигата во Чемпионшип. Клаузулата ќе биде активирани ако Јунајтед остане во второто по квалитет натпреварување повеќе од една сезона.

Британските медиуми откриваат детали од договорот меѓу Јунајтед и Шевролет кои досега не беа познати. Познато е само дека во претходните спонзорски договори немало вакви клаузули. Договорот со Шевролет е потпишан во 2012 година пред за заврши ерата на Алекс Фергусон.

Соработката на Манчестер Јунајтед и на Шевролет завршува на крајот од следната сезона, а шпекулациите велат дека договорот нема да биде продолжен. Од Јунајтед не коментираат ништо околу ова прашање. Велат само дека досегашната соработка е одлична.

Се вчитува...