Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Џеси Лингард

Манчестер Јунајтед е во преговори со Џеси Лингард за нов договор, со кој одличниот фудбалер од офанзивната линија ќе се обврзе со клубот од „Олд Трафорд“ до 2023 година. Одличните партии во последно време и победите против Тотенхем и Манчестер Сити во Премиер-лигата, беа доволни раководството на клубот да се реши на потег со кој ќе го задржи репрезентативецот на Англија во следните четири години.

Лингард потекнува од младинската школа на „црвените ѓаволи“, а досега за клубот од „Олд Трафорд“ запиша 124 натпревари  на кои постигна 17 гола. Од трофеите тој досега се закити со Лига купот, ФА купот, Комјунити шилд и Лигата на Европа.

Се вчитува...