Манчестер Јунајтед ќе профитира од корона-кризата, ќе го купи Карлос Винисиус за пола цена

Манчестер Јунајтед влегува во трката за Карлос Винисиус. За гол-машината на Бенфика, тимот од „Олд Трафорд“ нуди 35 милиони фунти. Бразилецот кој е лидер во португалското првенство со 15 гола на 19 натпревари во Бенфика дојде минатото лето од Наполи и има догвор до 2024 година.

Поради кризата во светскиот фудбал предивикана од долгата пауза во националните првенства и во европските натпреварувања, вредноста на голем дел од фудбалерите е драстично падната па така Манчестер јунајтед би можел да извлече успешен трансфер за многу помала сума од откупната клаузула која ја има Винисиус, а која е 88 милиони фунти.

Кариерата на Винисиус тргна во нагорна линија откако во 2017 година од Бразил се пресели во Португалија, направи трансфер во Наполи, а потоа повторно се врати во португалскиот шампионат, но во Бенфика.

 

Се вчитува...