Манчестер Јунајтед „крена раце“ од Тонали – не им се дава „стотче“ за Италијанецот

Манчестер Јунајтед се откажа од обидите да го потпише Сандро Тонали . Според „Црвените ѓаволи“, играчот од средниот ред на Њукасл би бил премногу скап.

Клубот ќе направи поизбалансиран избор бидејќи треба да се засили во неколку области. Сепак, уште еден играч на овој клуб останува на трансфер листата на Манчестер Јунајтед, а тоа е Луис Хол.

Њукасл би можел да се раздели со неколку клучни играчи ова лето за да ги балансира своите финансии. Тонали, Хол и Ливраменто би можеле да заминат. Сепак, ниту еден од тројцата не брза да го напушти „Сент Џејмс Парк“.

Њукасл бара околу 100 милиони фунти за Италијанецот. Клубот сака да има контрола врз трансферите што заминуваат и да нема ситуација како минатото лето, кога Александар Исак замина на крајот од преодниот рок, а клубот мораше итно да реагира и го потпиша Ник Волтемаде.

Се вчитува...