Манчестер Јунајтед се повлекува од идејата за купување на Хари Кејн. Кризата поради коронавирусот и финансиската неизвесност што таа ја носи го предомислуваат Јунајтед во обидот да дојде до капитенот на Тотенхем и на англиската фудбалска репрезентација.
Кејн има договор со Тотенхем до 2024 година, а клубот откупната клаузула ја постави на 200 милиони фунти. Толку високата сума го откажува Манчестер Јунајтед која како и сите клубови ќе мора да се адаптира на ситуацијата поради пандемијата.
Тимот од „Олд Трафорд“ сериозно се заинтересира за Хари Кејн особено по неговите изјави дека не би останал во Тотенхем поради лојалност ако со клубот не почне да освојува одличја.
Доаѓањето на Кејн би имало и големо комерцијално значање за Манчестер Јунајтед со оглед на неговата одлична позиција во англиската јавност поради капитенската лента во националниот тим. Хари Кејн нема ниту еден трофеј со Тотенхем , а во клубот е од младинските категории.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА