Манчестер Јунајтед му нуди нов договор на Хуан Мата

Манчестер Јунајтед планира да го задржи Шпанецот, Хуан Мата понудувајќи му нов договор, пренесува „Скај спорт“.

Тимот од „Олд Трафорд“ на Шпанецот ќе му понуди нов договор, што значи дека 31-годишниот играч за врска се уште е во плановите на менаџерот Оле Гунар Солскјер за следната сезона. Мата во „црвениот“ дел од Манчестер пристигна во 2014 година од редовите на Челси.

За разлика од него на излезна врата од „Олд Трафорд“ се Ешли Јанг и Антонио Валенсија.

 

Се вчитува...