Манчестер јунајтед не планира да му врачи отказ на Солскјер

Оле Гунар Солскјер по се изгледа останува тренер на Манчестер јунајтед, пренесуваат англиските медиуми. Од клубот не планираат да го променат, Норвежанецот и покрај „срамната“ сезона која ја игра.

Тој доживеа пораз и во градското дерби од Манчестер сити (0-2) со една мизерна и катастрофална игра. Од клубот се уште веруваат во Солскјер и затоа ќе му дадат шанса и на следните натпревари.

Како замена се споменуваа Зинедин Зидан и Антонио Конте. Французинот, наводно не сакал да прифати, додека Конте потпиша договор со Тотенхем. Затоа од раководството на клубот не сакаат да брзаат со замената за Солскјер, па затоа ќе му дадат уште една, последна шанса да го врати тимот на победничките патеки.

Се вчитува...