Манчестер Јунајтед нема да отпушта вработени и нема да користи владини мерки

Манчестер Јунајтед ќе ги задржи сите вработени од неиграчкиот кадар, а за нивните плати нема да ја користи опцијата владата да го даде поголемиот дел од нивните плати. Клубот засега нема официјален став по ова прашање, но дел од британските медиуми тврдат дека Јунајтед ќе ги задржи сите 900 вработени.

Според најавите, оваа одлука Манчестер Јунајтед на вработените ќе им ја соопшти во текот на оваа седмица, а клубот бара алтернативни решенија за волонтерска работа на вработените во периодов додека нема фудбал се без ангажаман. Јунајтед соопшти и дека комплетно ќе ги плаќа сите лица кои се ангажирани на денот на натпреварите иако дуели не се одигруваат.

Претходно и Манчестер Сити објави дека комплетно од свои пари ќе ги плаќа вработените, додека Ливерпул и Тотенхем се најдоа на удар на јавноста откако објавија дека ќе ги испратат вработените на принуден одмор, а за нивните плати ќе користат буџетски бенефиции.

 

Се вчитува...