Манчестер јунајтед носи голман кој бранеше за репрезентацијата на Англија

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, беше принуден да бара нов резервен голман кој ќе го поддржи Давид Де Хеа, откако словачкиот голман Мартин Дубравка се врати во Њукасл.

Џек Бутланд се издвојува како идеално решение. Поранешниот голман на англиската репрезентација моментално е член на Кристал Палас, но од 2020 година кога пристигна на „Селхурст Парк“ бранеше на само 10 натпревари во Премиер лигата.

Бутланд има само 29 години, но неговата кариера е во надолна линија. Додека бранеше за Стоук Сити во Премиер-лигата беше еден од најдобрите голмани во Англија. Тој одигра девет натпревари за „гордиот албион“ меѓу 2012 и 2018 година и беше во тимот на Герет Саутгејт за претходниот Мундијал во Русија 2018 година.

Се вчитува...