Манчестер Јунајтед останува без својот голман

Манчестер Јунајтед ќе мора да тргне во потрага по нов чувар на мрежата откако Дин Хендерсон изразил незадоволство од минутажата која ја добива на „Олд Трафорд“ и сака веќе во зимскиот преоден рок да ги промени клупските бои, пренесуваат англиските медиуми.

Дваесет и четири годишникот беше мета на повеќе премиерлигаши претходната сезона по одличните настапи за Шефилд Јунајтед во сезоната 2019/20 каде на 36 одиграни натпревари 13 пати ја сочува мрежата недопрена, но „црвените ѓаволи“ се одлучија да го задржат Англичанецот и покрај богатите понуди.

Во сезоната 2020/21 Хендерсон настапи на 13 натпревари во Премиерлигата, но оваа сезона се уште чека на првиот настап во елитата на англискиот фудбал, како и во Лигата на Шампионите, а забележа само еден настап во Карабао Купот во поразот од Вест Хем.

Трансфермаркт го проценува Англичанецот на 22 милиони евра, но со оглед на незадоволството нема да биде изненадување доколку Манчестер Јунајтед дозволи заминување за сума од под 20 милиони евра.

Се вчитува...