Манчестер Јунајтед подолг период без Лисандро Мартинез

Аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез, поради повреда ќе отсуствува подолго време од терените, потврди неговиот клуб Манчестер Јунајтед.

Аргентинецот заработи повреда на дуелот со Арсенал, но ги одигра следните два меча со Баерн Минхен и Брајтон, но сега го очекува пауза од најмалку два месеци.

„Лисандро Мартинез ќе биде надвор од екипата во следниот период поради влошување на повредата на стопалото која го мачи уште од април, а која ја обнови на натпреварот со Арсенал. Сега му треба одреден период на рехабилитација, и ќе помине долго време надвор од теренот“, стои во соопштението од клубот.

Се вчитува...