Манчестер јунајтед се избламира на првиот меч летово

Мајкл Карик дефинитивно очекуваше поинаков исход на првиот контролен меч на Манчестер јунајтед летово откако „црвените ѓаволи“ загубија со 1-0 на пријателскиот натпревар со Врексам.

Стратегот на Јунајтед го почна дуелот со силен тим предводен од неколку стандардни првотимци (Мбуемо, Карик, Јоро, Шо, Маунт, новото засилување Сантош…), но „црвените ѓаволи“ беа под посакуваното ниво, примајќи и гол во 39. минута откако целата одбрана на Јунајтед заспа, а напаѓачот на Врексам немаше проблем од еден метар да ја смести топката во мрежата.

Карик потоа целосно го промени тимот на паузата, но состојбата на теренот во Хелсинки не се промени, Врексам знаеше како да ја задржи предноста и стигна до победaта.

Се вчитува...