Манчестер Јунајтед се разбуди во вториот дел и се врати на победите (ВИДЕО)

По шокантниот пораз од Евертон на домашен терен со играч повеќе, Манчестер Јунајтед им се врати на победите откако со пресврт успеа да го совлада Кристал Палас и тоа на гостински терен со 1:2.

Матета уште во 36. минута од средбата од пенал кој сам го изнуди, донесе водство за Палас, и проблеми за Манчестер Јунајтед.

Во вториот дел Манчестер Јунајтед израмни со голот на Цикрзе во 54. минута од средбата. Мејсон Маунт во 63. минута успеа да го донесе триумфот.

Се вчитува...