Манчестер Јунајтед со пресврт славеше против Евертон на „Гудисон“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед со негатива стартуваше на гостувањето на „Гудисон Парк“ кај Евертон, но на крајот успеа да слави и да освои три бода.

Алекс Ивоби во 5. минута постигна прекрасен гол. Ја искористи грешката на Касемиро на средината на теренот, и погоди во горниот лев агол.

Сепак, врати Антони со убав гол во 15. минута и успеа да израмни. Посебна вечер беше ова за Кристијано Роналдо, кој во 44. минута успеа да постигне гол и да дојде до бројката 700 во својата клупска кариера.

Во вториот дел Јунајтед постигна уште еден гол преку Рашфорд, но истиот беше поништен поради игра со рака.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...