Манчестер Јунајтед со рекордни приходи

Манчестер Јунајтед забележа рекордни приходи во висина од 648,4 милиони фунти (744 милиони евра) во финансиската година заклучно со 30. јуни.

Вкупниот приход порасна за 11 проценти во однос на претходната година, и го престигна минатиот рекорд од 2019 година, и покрај тоа што клубот не се натпреваруваше во Лигата на шампионите.

Тоа се должи на фактот дека фондот на плати во Јунајтед падна за цели 60,6 милиони евра, откако пред четири години изнесуваше 380,3 милиони.

Јунајтед го чека градското дерби во недела против Манчестер Сити.

Се вчитува...