Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Иван Перишиќ

Откако пропадна трансферот на Џејдон Санчо, англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед тргнаа во офанзива по хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ. Раководството на клубот бара алтернативна опција на крилната позиција која е „најтенка“ во клубот.

Прва опција е одличниот Хрват, а Јунајтед е подготвен да го откупи од Интер исто како што беше подготвен и во ерата кога на клупата на клубот седеше Жозе Мурињо. Тогаш договорот пропадна, но сега Перишиќ е во ситуација да е вратен во Интер од позајмицата во Баерн Минхен, а Антонио Конте отворено кажа дека нема да смета на неговите услуги.

Се вчитува...