Манчестер јунајтед во Барселона го договара најголемиот трансфер во историјата

Манчестер јунајтед е на пат од јануари следнава година да го има во своите редови 22-годишниот крилен офанзивец на Барселона, Осман Дембеле.

Јунајтед за овој трансфер веќе стартуваше преговори со каталонскиот тим, а подготвен е да издвои 110 милиони евра што е клупски рекорд кој во моментов го држи Пол Погба со 105 милиони евра.

„Индепендент“ тврди дека и Барселона е подготвена да го продаде како тие средства потоа би ги искористила за Нејмар.

Дембеле во Барселона пристигна пред две години за 125 милиони евра, но засега не го оправда вложеното, најмногу и поради однесувањето надвор од теренот. Моментално се опоравува од повредата на задната ложа која ќе се спречеше ако на време ги известеше клупските лекари.

Се вчитува...