Манчестер Јунајтед во јануари потпишува со Кунде од Севилја

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед има големи проблеми во одбраната на стартот од новата сезона. Во последниот ден од преодниот рок тимот од „Олд Трафорд“ го потпиша бекот на Порто, Алекс Телјес, но дефинитивно последната линија се уште е најлошиот дел од тимот на Оле Гунар Солскјер.

Ниту Виктор Линделоф, ниту Ерик Баи не се дораснати за клубот, а во најдобра форма не е ни најскапиот дефанзивец во историјата Хари Мегваер. Поради тоа менаџерот на тимот Оле Гунар Солскјер во јануари месец ќе се обиде во своите редови да го доведе Жил Кунде од Севилја.

Кунде во тимот од Андалузија стигна минатата сезона од таборот на францускиот Бордо. За Севилја минатата сезона запиша 29 настапи на кои постигна еден гол, а беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата во Лигата на Европа.

Се вчитува...