Манчестер Јунајтед во милиони фунти ги пребројува загубите поради коронавирусот

Манчестер Јунајтед објави дека досега одложените натпревари поради коронавирусот го чинат 28 милиони фунти, а очекувањата се дека загубите ќе бидат и драстично поголеми. Оваа пресметка е направена за перидот до 31. март.

20 милиони од оваа загуба се парите кои Јунајтед ќе ги врати на носителите на ТВ правата за Премиер-лигата дури и ако сезоната продолжи. Останатите осум милиони се од откажаните натпревари во трите последни седмици од март. Манчестер Јунајтед како и другите премиерлигашки клубови ќе мора на телевизиите кои ги имаат правата за Премиер-лигата да им враќаат пари поради промената на термините за одигрување на натпреварите без разлика на тоа што до оваа ситуација е дојдено без никаква вина на клубовите.

Одложувањето на дуелите од Лига Европа и од ФА Купот замрзнаа дел од спонзорските договори, а ги нема ниту приходите од деновите во кои се играат натпреварите кои подразбираат целата продажба на хрна, пијалоци, сувенири.

На овие пари клубот не може да смета и кога ќе продолжи да игра бидејќи средбите ќе бидат без публика. Манчестер Јуанјтед не ја објавува претпоставената сума за вкупните загуби, но очекувањата се дека најголемиот удар ќе го донесе токму овој период, април, мај и јуни.

 

 

Се вчитува...