Манчестер Јунајтед во очај тргнува по ангажман на француска ѕвезда

Разочарувачката сезона на Манчестер Јунајтед го приморува раководството на тимот за драстични промени, а со оглед на тоа што Ерик тен Хаг негува „легендарен“ статус на „Олд Трафорд“ и засега е далеку од отказ, промените ќе дојдат во ростерот и тоа во нападот.

Според шпанските медиуми голема желба на Манчестер Јунајтед е француската ѕвезда Антоан Гризман за кој „црвените ѓаволи“ нема да штедат финансии. Клубот е подготвен да му понуди и три пати поголема плата од таа која ја зема во Атлетико Мадрид, а истата изнесува шест милиони евра на годишно ниво.

Сепак за трансфер ќе се прашува и Атлетико Мадрид со оглед на тоа што Гризман има договор до 2026 година, а оваа сезона веќе забележа осум голови на 12 одиграни натпревари.

Се вчитува...