Манчестер Јунајтед врза две победи, оди понатаму во „Карабао Купот“

Манчестер Јунајтед се пласираше во следното коло во „Карабао Купот“ откако на свој терен го совлада составот на Кристал Палас со убедливи 3-0. Гарначо, Касемиро и Марсијал беа стрелци на головите во 21., 27 и 55 минута.

Ова беше втора победа на Јунајтед по само неколку дена по триумфот против Барнли 0-1. Инаку претходно „Црвените ѓаволи“ беа во серија од три порази по ред од Арсенал, Брајтон и Баерн Минхен.

Во следната фаза од овој Куп одат и Барнли, Порт Вејл, Мансфилд, Мидлсбро и Ексетер. Можеби најголемо изненадување преставува испаѓањето на Вулверхемптон од Ипсвич.

Се вчитува...