Манчестер ќе му даде уште една шанса на Алексис Санчез

Англискиот премиерлигаш, Манчестер Јунајтед планира во јуни месец да го врати во своите редови чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез. Тој во моментов е на позајмица во Интер, каде што поради повреда не е дел од тимот на „нероаѕурите“.

Ед Вудворд во договор со менаџерот на „црвените ѓаволи“, планираат по истекот на позајмицата во Милано, Чилеанецот да се врати на „Олд Трафорд“ и да биде дел од тимот на подготвителната турнеја. Доколку тој покаже добри перформанси, од таборот на Јунајтед планираат да го задржат во своите редови.

Санчез во Манчестер Јунајтед премина во 2018 година, во замена за Хенрик Мктаријан кој премина во Арсенал. Во дресот на „црвените ѓаволи“ не се прослави, бидејќи одигра само 32 натпревари на кои постигна само три гола.

Се вчитува...