Манчестер Сити е чекор поблиску до титулата во Премиер-лигата откако тимот на Пеп Гвардиола славеше на гостувањето против Астон Вила со 1-2. Двете екипи го завршија натпреварот со по десет фудбалери, пред крајот на првото полувреме црвен картон заработи Стоунс од Манчестер Сити, a во 57. минута патот кон соблекувалната му беше покажан и на Кеш од Астон Вила.
Дуелот почна многу лошо за „граѓаните“ откако Мекгин уште во првата минута го доведе домашниот тим во водство. Сепак, тоа беше само причина плус Сити да притисне и уште во првото полувреме да направи целосен пресврт, Фоден израмни на 1-1 на асистенција на Бернардо Силва, а пресвртот со прецизен удар со глава го комплетираше Родри.
Манчестер Сити има единаесет бода предност и меч повеќе во однос на Манчестер Јунајтед, на шест кола до крајот, па јасно е дека е само прашање на време кога тимот на Гвардиола повторно ќе биде крунисан во владетел на англискиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА