Манчестер Сити дефинитивно без Едерсон на „Енфилд Роуд“

Актуелниот англиски првак Манчестер Сити дефинитивно нема да може да смета на првиот голман Едерсон за утрешниот дерби натпревар против лидерот Ливерпул на „Енфилд Роуд“. Тој заработи повреда на мускулот на мечот против Аталанта во Лигата на шампионите и ќе паузира одреден период. На голот на „граѓаните“ ќе биде Клаудио Браво, кој заработи црвен картон на истиот натпревар против Аталанта, па меѓу диреците застана Кајл Вокер.

Клаудио Браво последен пат бранеше во Премиер – лигата во мај 2018 година. Но, тоа не го загрижува Пеп Гвардиола.

„Едерсон нема да игра против Ливерпул. Колку ќе отсуствува? Не знам“, одговори Пеп Гвардиола на новинарските прашања во пресрет на дербито.

Гостувањето на Мерсисајд ќе го пропуштат и Давид Силва, Родри, Ејмерик Лапорт, Олександр Зинченко и Лирој Сане.

Се вчитува...