Манчестер Сити дојде на „минус два“ од Арсенал

Манчестер Сити максимално го искористи денешниот пораз на Арсенал, приближувајќи се на само два бода заостанување во однос на лидерот на премиерлигашката табела.

„Граѓаните“ попладнево славеа со 3-0 против Сандерленд, победникот со голови во првото полувреме го решија дефанзивците Рубен Дијаз и Гвардиол, а печат на триумфот во вториот дел стави Фоден.

Њукасл славеше со 2-1 над Барнли во меч што го одбележа голот што директно од корнер го постигна Бруно Гимараеш, додека Чави Симонс со гол и асистенција му ја донесе победата на Тотенхем на дуелот со Брентфорд.

Резултати Англија:

Борнмут – Челси 0-0, Тотенхем – Брентфорд 2-0, Ман. Сити – Сандерленд 3-0, Евертон – Нотингем 3-0, Њукасл – Барнли 2-0.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...