Манчестер Сити ги чува најдобрите – Кансело потпиша нов договор со „граѓаните“

Манчестер Сити продолжи со потписите со клучните фудбалери во тимот на Пеп Гвардиола откако денеска беше продолжена соработката со Жоао Кансело.

Португалскиот репрезентативец имаше договор до 2025 година, но понудата за продолжување на соработката следеше по одличните игри што офанзивниот бек ги имаше од стартот на сезонава. Кансело е член на Сити откако во 2019 година пристигна од Јувентус за 60 милиони фунти, наметнувајќи се како незаменлив играч во тимот на Гвардиола.

„Манчестер Сити е фантастичен клуб, пресреќен сум што потпишав нов договор. Со него, ќе останам уште долго да ги бранам боите на Сити и да освојувам уште многу трофеи со овој тим“, изјави Кансело по потписот на договорот.

Се вчитува...