Манчестер сити го наградува и Габриeл Хесус со нов договор

Младата ѕвезда на Манчестер сити, Габриел Хесус, ќе биде награден од шеикот по крајот на оваа сезона. Бразилецот ќе стави потпис на нов договор до 2023 година, а неделната плата ќе му изнесува 150.000 фунти.

20-годишниот напаѓач импресионира со своите партии уште од првиот момент кога пристигна на „Етихад“, па така заслужено ќе добие зголемување на платата, а со оглед на тоа дека е млад и многу такентуран, Сити сака да се осигури дека Хесус ќе ги брани боите на овој клуб уште многу сезони. Познато е дека Де Бруин исто така ќе биде награден за добрите изданија во синиот дрес, но Белгиецот нема да го чека крајот на сезоната за да го даде својот „автограм“.

Во досегашниот тек од сезоната Хесус постигна 10 погодоци за „граѓаните“, осум од нив се во Премиер – лигата, додека два се во Лигата на шампиони. Не останува должен ниту на репрезентацијата на Бразил, на само 13 настапи постигна осум гола за петкратниот светски првак.

Се вчитува...