Манчестер Сити прави коренити промени летово, Енцо Мареска дојде на кормилото на местото на легендарниот Пеп Гвардиола, а си заминуваат и дел од играчите кои беа стандардни во последните години во таборот на „граѓаните“.
Еден од нив е и Нејтан Аке, кој кариерата ќе ја продолжи во Турција откако раководството на Манчестер Сити ги договори условите за неговиот трансфер во Фенербахче.
Турскиот гигант го „пикираше“ холандскиот дефанзивец како клучен играч за засилување на одбранбената линија, се дискутираше и за позајмица, за на крајот да биде договорен перманентен трансфер.
Фенербахче ќе плати почетни осум милиони евра за трансферот, сума што може да достигне до десет милиони доколку се активираат клаузулите околу бројот на натпревари и освоени трофеи на Аке во дресот на гигантот од Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
