Со убедлив триумф во дерби пресметката против Арсенал од 3-0, Манчестер сити се врати на фудбалските терени по тримесечната пауза поради коронавирусот.
„Граѓаните“ без никаков проблем славеа во заостанатиот натпревар со „топчиите“, најавувајќи ја победата со голот на Стирлинг во 45. минута.
Во второто полувреме Де Бруин од пенал погоди во 51. минута за 2-0, а Фоден во 92. минута заокружи за конечни 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА