Манчестер Сити го „врзува“ Стерлинг со плата од 400.000 фунти

Рахим Стерлинг и Манчестер Сити ја комплетираа првата рунда од преговорите за продолжување на соработката. Првиот состанок траел само 40-тина минути и начелно била постигната согласност, англискиот репрезентативец да добива неделна плата од 400.000 фунти.

Актуелниот договор на Стерлинг е до 2023 година, но клубот не сака да има никаква неизвесност и со подобрување на финансиската понуда се обидува да ја исклучи секоја можност за негово заминување.

Се проценува дека моменталната вредност на Стерлинг е околу 160 милиони фунти. Оваа сезона тој одигра 24 натпревари во Премиер-лигата и постигна 11 гола. Стерлинг во Манчестер Сити дојде од Ливерпул во 2015 година.

Се вчитува...