Манчестер Сити и Лајпциг во нови преговори за Јошко Гвардиол

Манчестер Сити и Лајпциг одново ќе седнат на маса со цел да најдат решение за трансфер на Јошко Гвардиол. Хрватскиот репрезентативец е голема желба на Пеп Гвардиола, но последната понуда на „граѓаните“ вредна 80 милиони евра плус бонуси беше одбиена од страна на германскиот клуб.

Ставот на Лајпциг е јасен, понуда од 100 милиони евра ќе го осигура трансферот на младиот Хрват и воедно ќе му ја исполни желбата за преселба во Премиерлигата.

Како потсетување, од следниот трансфер на Гвардиол добро ќе заработи и неговиот поранешен клуб Динамо Загреб кому му припаѓа 20 отсто од продажбата.

Се вчитува...