Манчестер Сити ја научи лекцијата – експрено одбиена понудата за новиот „вундеркинд“

Манчестер Сити ја научи лекцијата од прераната продажба на Џејдон Санчи кој со 17 години го напушти „Етихад“ и премина во редовите на Борусија Дортмунд во трансфер вреден речиси осум милиони евра, и нема намера да ја направи истата грешка со Лам Делап.

Имено, 18-годишниот напаѓач кој е дел од „граѓаните“ од 2019 година бил трансфер цел на Борусија Дортмунд ова лето, а германскиот клуб се обидел да го ангажира за 15 милиони евра, понуда која Англичаните експресно ја одбиле.

Делап важи за еден од најдобрите англиски играчи од генерацијата 2003 и претходната сезона за сениорскиот тим на Манчестер Сити забележа три настапи, по еден во Премерлигата, ФА Купот и Лига Купот.

Се вчитува...