Манчестер Сити ќе биде суспендиран од Лигата на шампионите?

Манчестер Сити стана првиот тим што успеал во последната деценија да ја одбрани титулата во Премиер – лигата, но неволјите повторно доаѓаат поради истрагата на ФИФА и сега се многу сериозни. Пред една година во германскиот „Шпигел“, на основа на украдените мејлови од „Фудбал Ликс“ се појавија сомневања дека раководството на Манчестер Сити нелегално го заобиколувало финансискиот фер-плеј, а сега истрагата на ФИФА е завршена и можно е „граѓаните“ да добијат суспензија за настап во Лигата на шампионите.

Обвиненијата се многу конкретни, пумпање на финансиски договори од спонзори, исплаќање на фудбалерите од други сметки и прикажување на лажен клупски профит за да се остане во границите на финансискиот фер-плеј. По спроведената истрага на ФИФА, како што наведува „Њујорк Тајмс“, испратен е предлог до УЕФА за едногодишна забрана за настап на клубот во Лигата на шампионите.

Сега останува прашање на време, Манчестер Сити сигурно ќе се жали на Арбитражниот суд за спорт во Лозана, а тоа би можело да им овозможи оваа сезона да играат во елитното европско натпреварување. Но, најверојатно следната ќе останат без ЛШ. Манчестер Сити веќе имаше парична казна од 60 милиони евра за нарушување на финансискиот фер-плеј, но тоа не ги спречи да продолжат со истиот стил на работа.

 

Се вчитува...