Манчестер Сити купува 14-годишно „чудо од дете“ од САД

Каван Саливен, 14-годишниот фудбалер на Академијата на Филаделфија Унион е блиску да потпише договор со Манчестер Сити. Како што јавуваат англиските медиуми, актуелниот англиски и европски првак ги договорил сите детали со овој играч, кој важи за еден од најталентираните фудбалери на светот.

Саливен е роден во 2009 година, и за него се интересираат уште некои европски гиганти како Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

Игра на позицијата офанзивен играч за врска, а може да игра и на левата крилна позиција. Игра со левата нога, и во моментов настапува за младинските селекции на САД. Во девет меча за селекцијата до 15 години има пет голови. Неговиот брат Квин Саливен е исто фудбалер, и игра како десно крило во сениорскиот тим на Филаделфија Унион.

Се вчитува...