Манчестер Сити му нуди нов договор на Габриел Хесус

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити сака да го задржи напаѓачот Габриел Хесус на „Итихад“ и во наредните неколку сезони. Раководството на „граѓаните“ подготвува нов договор за навалниот фудбалер, според кој Бразилецот би заработувал 120.000 фунти седмично. Ова е реакција на интересот на италијанскиот првак Јувентус за 23-годишниот фудбалер на Манчестер Сити.

Клубот не сака да остане без Габриел Хесус, со оглед дека и Серхио Агуеро побарал да замине од „Итихад“ една сезона порано и да се врати во Аргентина. Пеп Гвардиола ќе се обиде и него да го разубеди, планирајќи тандемот да остане во тимот заедно и следната натпреварувачка година. Многу веројатно е дека од Манчестер Сити ќе си замине Лирој Сане, кој е во завршни преговори со Баерн Минхен за да се врати во Бундес-лигата.

Се вчитува...