Манчестер Сити не ги заборава легендите – фантастичен гест за Компани и Силва

Основополжниците на Манчестер Сити – Винсент Компани и Давид Силва ќе добијат статуа пред „Етихад“ за нивиот придонес кој го има за „граѓаните“ во „новата“ историја на клубот пред дуелот против Арсенал кој е закажан за 28. август.

Белгискиот стопер кој беше и долгогодишен капитен во Манчестер Сити стигна во 2008 година и боите на клубот ги бранеше до 2019 година пред да замине во Андерлехт каде стави крај на својата богата кариера.

Во неговиот мандат на „Етихад“, клубот стигна и до првата шампионска титула по 44 години, а бројот на трофеи подоцна се искачи и до цифрата 12. Голема заслуга за истото имаше и Давид Сила кој настапуваше за тимот во периодот од 2010 до 2020 година.

Одлуката за поставување на статуи за легендите на клубот ја донел претседателот на клубот Калдон Ал Мубарак, а до нив ќе застане и Серхио Агуеро кој дресот на „граѓаните“ го носеше од 2011 до 2021 година.

Се вчитува...