Манчестер Сити нуди фудбалер од речиси 120 милиони евра за Рафаел Леао

Рафаел Леао е еден од најбараните фудбалери во Европа. Младиот португалски напаѓач блеска во дресот на Милан, а добрата форма ја потврди и на Светското првенство во Катар па со оглед на тоа што одбива да потпише нов договор со „росонерите“, не се исклучува можноста за трансфер веќе во јануари.

Тој веќе долго време е желба на Челси кој се обиде да го откупи на крајот на летниот преоден рок, очекувањата се дека „сините“ повторно ќе тргнат по неговите услуги оваа зима, но ќе имаат голема конкуренција од англискиот ривал Манчестер Сити.

„Граѓаните“ гледаат на Леао како некој кој ќе донесе уште поголема стабилност на „Етихад“ во сезоните кои следат па за него се подготвени да го дадат и Џек Грилиш за кој одвоија речиси 120 милиони евра пред само година и пол, пренесуваат англиските медиуми.

Се вчитува...