Манчестер Сити од денеска повеќе не е највредниот тим на светот

Манчестер Сити две години по ред ја имаше честа да биде највредниот клуб на светот според популарниот „Трансфермаркт“ кој ги вреднува тимови со оглед на засилувањата и заминувањата од тимот. Од денеска оваа листа ја предводи Арсенал.

„Граѓаните“ вредат 1.19 милијарда евра, додека вредноста на Арсенал по ангажманот на Деклан Рајс се искачи на 1.2 милијарда евра. Истиот ги чинеше „топџиите“ 123 милиони евра, правејќи го 24-годишникот најскапиот трансфер во историјата на Премиерлигата.

Покрај шампионот и вицешампионот на Премиерлигата на листата на десетте највредни клубови се наоѓаат и: ПСЖ со вредност од 1.03 милијарда евра, Реал Мадрид (991 милион), Баерн Минхен (894.5 милиони), Челси (868.5 милиони), Барселона (865 милиони), Ливерпул (846.8 милиони), Манчестер Јунајтед (833.8 милиони) и Тотенхем (773.3 милиони).

Се вчитува...