Манчестер Сити подготвува нов договор за Рахим Стерлинг

Англискиот првак Манчестер Сити сака да го врзе репрезентативецот на гордиот Албион, Рахим Стерлинг, со нов долгорочен договор. Тој стави потпис на верност до 2023 година и заработува 300.000 фунти неделно, но раководството на „граѓаните“ сака да го задржи многу подолго и му нуди зголемување од 100.000 фунти седмично.

Стерлинг игра одлично оваа сезона и во дресот на Сити и во дресот на англиската фудбалска репрезентација и за него постои сериозен интерес од Реал Мадрид. Челниците на Манчестер Сити сакаат што е можно побрзо да го договорат неговото останување на „Етихад“.

Крилниот играч оваа сезона веќе постигна 14 гола и забележа пет асистенции. Во Премиер – лигата досега има 208 натпревари на кои постигна 83 гола и имаше 70 асистенции.

Се вчитува...