Манчестер Сити: Ќе играме во ЛШ и следната сезона

Манчестер Сити категорично ги отфрли гласините дека англискиот првак ќе добие ригорозна казна од УЕФА поради прекршување на финансискиот ферплеј, со што на „граѓаните“ им се закануваше и исклучување од Лигата на шампионите.

Со свој став се јавија и од клубот од „Етихад“ од каде што ги демантираат објавите од англиските медиуми.

„Соработуваме со сите истражители во потполност уште од самиот почеток. УЕФА на 7. март порача дека нема да дава дополнителни коментари во текот на истрагата. Наводите дека е дојдено до информации од луѓе кои се инволвирани во случајот е за загрижување. Целата медиумска помпа служи за уништување на репутацијата на клубот и комерцијалните интереси. Обвиненијата околу финансиските неправилности се целосно лажни“, стои во соопштението од Манчестер Сити. 

„Граѓаните“ сезонава веќе ги освоија титулите во Премиер-лигата и Лига купот, а викендов играат против Вотфорд во финалето од ФА купот.

Се вчитува...