Манчестер Сити веќе му најде замена на Пеп Гвардиола!?

Пеп Гвардиола ќе ја заврши соработката со Манчестер Сити во јуни 2027 година, а клубот веќе има фаворит за негов наследник. Станува збор за актуелниот тренер на Баерн, Винсент Компани.

Компани изненадувачки доби шанса да го води Баерн Минхен. По првата неубедлива сезона, во втората веќе приказната е сосема поинаква, па најголемиот германски клуб игра фантастично. Затоа и Компани го привлече вниманието кон себе.

Гвардиола сигурно ја завршува својата мисија во Сити во 2027 година, а токму во поранешниот свој капитен гледаат вистинско и долгорочно решение. Исто така Компани многу научи од Пеп Гвардиола, со оглед дека му беше менаџер во неговото време како играч на „Етихад“.

Сепак, проблем е што договорот на Компани со Баерн е до 2029 година, и Сити ќе мора да плаќа отштета ако сака да го ангажира во своите редови две години пред неговиот истек.

Се вчитува...