Манчестер Сити влегува во трка со Барселона за Лаутаро Мартинез

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити е подготвен да ја плати отштетната клаузула за Лаутаро Мартинез и да го доведе на Итихад во летниот преоден рок. Напаѓачот на Интер е голема желба на Барселона, но сега и Пеп Гвардиола би сакал да го види во тимот. Отштетната клаузула е вредна 111 милиони евра.

Серхио Агуеро има договор со Манчестер Сити до 2021 година, а Габриел Жесус би можел да замине во Јувентус, па Гвардиола сака навреме да се обезбеди со врвен голгетер. Лаутаро Мартинез оваа сезона постигна 16 гола на 31 натпревар во дресот на Интер.

Се вчитува...