Манчестер Сити влезе во трката за Бруно Фернандеш

Актуелниот англиски првак Манчестер Сити влегува во трка со градскиот ривал Манчестер Јунајтед за ангажман на португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш. Тој подолг период е во преговори со раководството на „црвените ѓаволи“, но трансферот се уште не е комплетиран.

Во приказната сега се вклучува сериозно Пеп Гвардиола кој нуди 86 милиони фунти за да го доведе одличниот играч за врска на „Етихад“ до крајот на зимскиот преоден рок.

Бруно Фернандеш за Спортинг Лисабон има одиграно 82 натпревари и постигна 39 гола.

Се вчитува...